Исклучените од парно мора да платат за топлите транзитни цевки

Највисоката судска инстанца во земјава, Уставниот суд ја отфрли иницијативата за ослободување од сметките за парно за тие што го откажале овој вид греење.



Граѓаните кои не користат парно и во иднина ќе мора да плаќаат паушален износ, пресуди Уставниот суд, откако ја отфрли иницијативата поднесена од Здружението за заштита на човекови права „Но пасаран“.

Уставниот суд денеска ја оценуваше уставноста на членот 66 од правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика, кој предвидува сите граѓани да плаќаат за парно, дури и оние кои се имаат исклучено од системот.

Од судот соопштија дека иницијативата беше отфрлена, затоа што по членот 66 одлучувале и пред четири години.

Во Македонија, досега омолу 12.000 домаќинства се исклучени од системот за снабдување со топлинска енергија, но и тие мора да плаќаат паушален износ, во зависност од површината на станот.