Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера оствари работна средба со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.



На средбата беа разгледани можностите за унапредување и промена на некои од процедурите на граничните премини со цел забрзување на протокот на луѓе и намалување на времето на чекање и на двете страни на границата.

„Договорено е отворање на две линии, кои ќе се користат исклучиво за иселениците во сезоните на нивното доаѓање во татковината, посебно постапување со иселениците, овозможувајќи леснотии во постапките за идентификација, итни состаноци на прекуграничните тела со Косово и со Србија за спроведување на интегрираниот систем (заедничка верификација на документацијата) за да се избегне метежот.

Приоритет остануваат граничните премини Табановце и Блаце, места кои се најфреквентни со доаѓањето на иселениците за време на одморите. На средбата се дискутираше и за борбата против криминалот “, информираат од министерствата.