„Доколку ви е наредена евакуацијата каде и да е во сојузната држава, морате веднаш да заминете. Не ноќеска, не за еден час, туку веднаш“, порача гувернерот на Флорида Рик Скот во Винтер Парк во близина на Орландо.



Гувернерот на Флорида објави дека е наредена евакуација на 6,3 милиони жители, што е четвртина од населението на оваа американска сојузна држава кон којашто се движи разорниот ураган Ирма кој веќе мина ги карипските острови и Куба.

„Ви истекува времето да ја донесете одлуката“, заклучи Скот порачувајќи дека Флорида „никогаш не сведочела на ваква смртоносна бура“, како и дека кога таа ќе почне „безбедносните сили нема да може да ги спасуваат жителите“, пренесува The Washington Post.

Се очекува дека Ирма ќе ја погоди Флорида во раните неделни часови, а The Washington Post пишува дека траекторијата на бурата се променила преку ноќта, па сега најтешко ќе го погоди западниот брег на Флоридскиот полуостров на кој живеат 20 милини луѓе, наместо средишниот како што досега се очекуваше. Западниот брег го очекуваат бранови до 4,5 метри во височина.

Еве како Ирма изгледаше на Карибите, но тоа, според научниците е неспредливо со тоа што ја очекува Флорида.