Содржината на писмото од МПЦ-ОА до Бугарската црква е позната само од медиумските извештаи и коментари, но тоа (писмото –н.з.) не е официјално поднесено до Вселенска патријаршија, до Српска православна црква, ниту до сестринските православни цркви, вели српскиот епископ Иринеј во интервју за „Вечерње новости“.
Во одлуката на БПЦ не се вели дека бугарската црква „ја прима под своја закрила“ „расколничката МПЦ“, туку дека е подготвена неканонично да интервенира и да се обиде да и помогне на МПЦ, вели српскиот епископ.
Да потсетиме, кон крајот на ноември, Синодот на Бугарската православна црква реши БПЦ да ѝ биде Црква мајка на МПЦ-ОА, и дека „почнуваат преговори со другите православни цркви“ пренесе тогаш Днес.бг.
„Свети апостол Павле учи за Црквата дека е тело Христово, кога вели ‘И кога страда еден член (од телото Христово), страдаат со него сите членови; кога некој е прославен, сите негови членови се радуваат’,(1 Коринтјаните 12:26) стои во Решението на Синодот на БПЦ“.
Во вчерашнто мега-интервјку за спрпскиот „Новости“, Иринеј вели дека Бугарската Црква, сепак е свесна за фактот дека не смее да згреши во однос на се-православниот консензус и, во име на солидарноста со еден раскол, да се доведе во ситуација таа да падне во раскол со мајката-црква во Истанбул.
Иринеј вели дека БПЦ знае колку е „грозно“ да се биде во раскол „со браќата и сестрите во верата“ и со останатите православни цркви, бидејќи таа (Бугарската црква) седумдесет години беше во судир поради етнофилетизмот (национализам во православната црква –н.з.).
Епископот новосадски, бачки,сомборски и сегедински за „Новости“ уште додава дека зад ова стојат „политички притисоци“.
И бугарскиот политолог Василијана Мерхеб гледа политички заговор во писмото со кое Македонска православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) бара од Бугарска православна црква (БПЦ) да ѝ стане црква-мајка.
„Изнасилено е тврдењето дека расколничката МПЦ-ОА посакала БПЦ да ѝ биде црква-мајка. Прво, зошто статусот на ова писмо е крајно сомнителен. Второ, зошто канонски БПЦ според својот Устав е наследничка на Охридска архиепископија и не може да си стане мајка сама себеси“, изјави неодамна Мерхеб во интервју за бугарскиот весник „Стандарт“.





