Ирена Цветковиќ оди на суд откако наклеветила четири лица дека се криминалци (ВИДЕО)

Граѓанската активистка Ирена Цветковиќ се соочува со судска постапка за клевета и навреда откако на подкаст објавила имиња на четири лица кои според неа го водат Министерството за образование и се криминалци.



Во изјавата на Цветковиќ вели таа наведува повеќе спорни работи меѓу кои и тврдење дека се работи за криминалци.

Изјавата на линкот

https://www.facebook.com/share/r/1A4UodtAFK/?mibextid=oFDknk

Едниот од споменатите, Златко Бучковски, вели дека наводите на Цветковиќ не се точни, ја нарекува шарена пратеничка и завчера најави тужба за клевета и навреда.

,,Јас сум Златко Бучкоски. Не го водам МОН, не сум бил никогаш дел од Десна, ниту сум имал поткасти со Палчо. Да не беше трагедијата со Вања, немаше ни да знам дека постои партија Десна, ниту Палчо.

А за овие клевети , на шаренава платеничка денес и пуштив опомена пред тужба за која ќе има законски рок од 48 часа да се извини и да ги повлече клеветите. Во спротивно ќе одговара судски”, објави Бучковски.

Подкастот каде што Цветковиќ ја искажал клеветата објавува демант од нејзина страна но нејзината изјава не е јавно достапен.

,,ИМА објавува демант на Ирена Цветковиќ, на барање на Златко Бучковски, по закана за тужба од негова страна, за нејзината изјава дека тој е од партијата ДЕСНА, иснесена во гостувањето на шорткастот „Што има ново?“. Демантот го објавуваме во целост”, пишува во објавата во кој не станува збор за извинување а има демантот кој не е достапен за јавноста.

https://www.facebook.com/share/r/15CaCjypZB/?mibextid=D5vuiz

Цветковиќ во законскиот рок на социјалните мрежи не му се извинила или не објавила дека му се извинила на Бучковски ниту тој ја повлекува најавата за тужба и барањето за извинување.