Иранската војска може да користи хиперсонични ракети во нов ракетен напад врз Израел, сметаат воени експерти.
Според нив, станува збор за ракети Фатах-1. Овие ракети, според верзијата на Техеран, можат да ги уништат израелските системи за воздушна одбрана.
Овие ракети беа претставени од Иран во 2023 година. Се вели дека ракетите Фатах-1 имаат дострел од 1.400 километри.
Ракетата може да достигне брзина од 5 маха (пет пати поголема од брзината на звукот) и може „да го пробие секој систем за противвоздушна одбрана“.
Вечерта на 1 октомври, Иран изврши ракетен напад врз Израел.
Ракетниот напад беше одговор на убиството на водачот на Хезболах Хасан Насрала и иранскиот бригаден Абас Нилфорушан, кои беа убиени во напад врз седиштето на групата во Либан на 27 септември.





