Иранка по долна облекла „прошетала“ на универзитет… (ВИДЕО)

 

Млада жена се соблече во долна облека на ирански универзитет денеска во наводен протест против строгите исламски кодекси на облекување.

На видеото објавено на социјалните мрежи, се гледа како чувари на филијалата на Исламскиот Азад универзитет приведуваат неидентификувана жена.

Портпаролот на Универзитетот Амир Махџоб на Х напиша дека „во полициската станица било констатирано дека била под силен психолошки притисок и дека има психичко растројство“.

Но, некои корисници на социјалните мрежи рекоа дека чинот на жената бил намерен протест.

“За повеќето жени, да се биде во долна облека во јавност е еден од нивните најголеми кошмари. Тоа е реакција на глупавото инсистирање на владата за задолжителен хиџаб“, напиша корисничка на социјалната мрежа X.

Судбината на жената остана непозната, но дневниот весник Хамшахри на својата страница напиша:

„Информиран извор изјави дека сторителката на овој чин има сериозни психички проблеми и најверојатно по истрагата ќе биде префрлен во психијатриска болница“.