Митингот во Атина против употребата на зборот „Македонија“ во името на северниот сосед не помина без инциденти, па грчкара полиција употреби солзавец за да ги растера највоинствените.
Тензии преовладуваа на улицата кај Универзитетот, предизвикани од страна на мала група млади луѓе, кои, носејќи грчки знамиња и извикувајќи навредливи слогани, ја нападнаа полицијата и се обидоа да ја преминат заштитната бариера, на кратко растојание од стотици илјади граѓани кои учествуваа на митингот.
Полицајците употребија солзавец против демонстрантите, од кои многумина носеа моторџиски кациги на главите, и ги бркаа младите во областа Егзархија.
Грчките медиуми шпекулираат дека станува збор за членови на екстремно десничарската партија Златна зора, чии што лидери исто така беа присутни на протестот.
Во меѓувреме, на раскрсницата на „Темистокле“ и „Солон“, група анархисти погодија човек на мотоцикл, кој го напушташе митингот со грчко знаме.





