Владата најавува замрзнување на цените и ограничување на маржите на бизнисот, но според економски експерти било каква мерка нема да даде долгорочен ефект против инфлацијата поради зависноста на земјата од увоз, пренесува РСЕ. Ако не се зголеми домашното производство, проблемот во иднина ќе стане уште поголем. Граѓаните се надеваат на пониски цени на производите, а во исто време бизнисите се загрижени поради потенцијалното ограничување на профитните маржи, со што нивната заработка може да биде само 10 проценти, што е разликата меѓу цената по која набавуваат одреден производ и по која потоа ќе го продаваат.

Најавите за нови замрзнувања на цените доаѓаат и покрај ветувањата на властите од минатиов период дека инфлацијата ќе се стабилизира. Економски експерти сметаат дека континуираниот раст на цените е последица на намалено домашно поризводство на храна и според нив било каква владина мерка може да има само кратокорчен ефект.
Економскиот аналитичар Арбен Халили вели дека потрошувачите мора да бидат заштитени, но посочува дека секоја владина одлука која го засега бизнисот мора претходно да биде координирана со бинис заедницата.

- „Не смее и не може да се повторува секоја година како што беше во последните две-три години, мерките да бидат на грбот на бизнисот, особено што знаеме дека сите компании скоро без исклучок се зависни од суровините и производите коишто ги продаваат на домашен пазар од увоз“, вели Халили.
Владата најавува планови за ограничување на цените со воведување на сезонски потрошувачки кошнички, како есенска кошничка кој ќа содржи производи кои најчесто се консумираат се трошат во тој период, а потоа да има и пролетна.
Министерот за економија, Бесар Дурмиши, рече дека ќе биде подготвена есенска потрошувачка кошничка со 100 производи, врз основа на која ќе се направи симулација за ограничување на цените или за ограничување на маржите.

Според најавите, ограничувањата на цените ќе важат само за производите вклучени во овие кошнички, кои се различни од оние што секој месец ги подготвува Сојузот на стопански комори, а чии последни податоци покажа дека на едно четриричлено семејство му се потребни над 60 илјади денари за основните месечни трошоци.
Во меѓувреме, исто така се чека одлука за Законот за нефер трговски практики со кој се предвидува да се донесе листа со над 2.500 производи чии маржи не треба да бидат повисоки од 10 отсто.
Дурмиши претходно изјави дека веќе е формирана работната група која треба до вторник да даде предлог до Владата за цените.





