Инфлацијата пак го затега ременот, ново поскапување кај некои производи

Велат ценовниот шок се стабилизирал, но можеби и да, ама само на лист хартија, во пракса тешко дека ќе биде така. Доволно е да се направи само една обиколка низ маркет, но и по зелените пазари и да се види дека се е за неколку денари поскапо. Па така, есапот дома, и на пазар не е ни најмалку ист.



Инфлацијата може да се каже дека во некои држави попушта, но тоа, за жал, нее Македонија. Иако ги немаме стапките како минатата година, сепак, истата не се спушта под 2%. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуват дека инфлацијата или индексот на трошоците на животот во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година, бележи зголемување од 3,2 отсто. Од друга страна, индексот на цените на мало бележи зголемување од 4,1 проценти. 

Сепак, статистичарите укажуваат дека на месечно ниво, инфлацијата има пониски стапки. 

– Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, изнесува 0,3 отсто. Намалувањето на инфлацијата во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 4,2 отсто, комуникации за 0,4 проценти, храна и безалкохолни пијалаци за 0,3 отсто – се нагласува во соопштението.

Притоа е посочено дека во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, зголемување на трошоците на живот е забележано во следните групи: здравје за 1,2 отсто, разновидни стоки и услуги за 0,9 проценти, ресторани и хотели за 0,7 отсто, рекреација и култура за 0,5 отсто, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,3 проценти, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,2 отсто, облека и обувки за 0,1 проценти.

Трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Индексот на цените на мало во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, изнесува 99.1.