Студентите велат дека и покрај зголемувањето на субвенционираниот студентки оброк од 120 на 140 денари за дневно потребно е овие средства да се зголемат бидејќи инфлацијата практично „ги јаде“ 840-те денари неделно што можат да ги искористат од понеделник до сабота.
Студентите посочуваат дека средствата од субвенционираниот студентски оброк донекаде им помагаат да купат прехранбени производи, но со зголемувањето на животниот стандард, бараат да се зголеми износот, пишува „Слободен печат“.
„Сега засега е во ред. Многу попродуктивно е што се направи мерката да биде на неделно ниво отколку како што беше 140 денари на дневно ниво, меѓутоа, како што се зголемува стандардот, сметам дека така треба да се смени и сумата на нашиот оброк, заради тоа што тоа треба да оди паралелно. На неделно ниво, успеваме да купуваме нешто, меѓутоа сума-сумарум сепак се бориме. Сепак сме студенти, задоволни сме колку-толку. Може да се направи некоја измена. Мислам дека и во однос на другите држави коишто го имаат тој систем на субвенциониран оброк може да се искористи и да се преземе нешто, вели студентка.
Меѓу студентите има и размислувања дека висината на субвенцијата треба да биде зголемена барем до 200 денари.
„Мислам дека треба да бидат зголемени барем до 200 денари. Најмногу за храна ги трошиме парите како студенти од други градови. На неделно ниво ги користиме средствата“, вели друга студентка пишува Слободен печат.






