Интерпол не може да ја отповика потерницата по Рамуш Харадинај, бидејќи беше издаден по наредба на Одделението за воени злосторства на Високиот суд во Белград.
Наредбата и понатаму останува на сила, изјавиле за Танјуг од српското Министерство за правда.
Интерпол, според Министерството, само може да ја „замагли“ потерницата, така што да не биде видливао за нејзините членови, како што е сега случај со Харадинај.
Сепак, потерницата што Србија ја издаде за актуелниот премиер на Косово останува во сила, како и тековната истрага против Харадинај, изјави Министерството за правда на Србија за Танјуг.
Харадинај останува осомничен за најтешки воени злосторства извршени во Косово и Метохија, пишува Б92.
На сајтот на Интерпол, на списокот на барани лица, не се гледа името на Рамуш Харадинај, по кој Србија издаде меѓународна потерница за апсење.
Името на Харадинај беше на веб-сајтот на Интерпол на листата од 18 лица од Косово што ги бара Србија.
На 4 јануари годинава Харадинај беше уапсен во Колмар, Франција, врз основа на потерница за воени злосторства. По четиримесечниот судски процес, судот во Колмар кон крајот на април го отфрли барањето на Србија за апсење на поранешниот командант на ОВК, Харадинај.





