Иницијатива МКЦ да го носи името на Андреј од ДНК

Поранешниот советник во Град Скопје, Петар Шапе, ќе поднесе иницијатива до Советот на Град Скопје, МКЦ, да го носи името на трагично загинатиот музичар и член на бендот ДНК, Андреј Ѓорѓиески.



“Младинскиот културен центар-МКЦ” Скопје, да го носи името на прерано починатата музичка ѕвезда Андреј Ѓорѓиески-ДНК!
Длабоко фокусирани на меѓусебните партиски, политички и општествени препукувања за тоа која и чија е страната на која најмногу натежнува вината за трагедијата во Кочани, пренебрегнавме еден суштински, пред се човечки аспект. Зад сите 59 имиња и презимиња стојат наши најблиски, роднини,пријатели, соседи, сограѓани кои на многу начини (оставија белег на нашите животи со што засекогаш ја задолжија целата заедница).
Во ова сивило на политичко партиски препукувања за тоа кој бил виновен, а кој не, кога раните на жртвите се сеуште свежи, во општествената трка за тоа кој бил во право, а кој не, забораваме на најважната работа, а тоа е што ние ќе направиме за починатите и како можеме да им се оддолжиме (Ако воопшто е можно) бидејќи кабаетот е кај нас(како општество) и должни сме кон сите нив.

Затоа, почитувани пријатели,

како поранешен советник во советот на градот Скопје, во периодот што следи ќе поднесам предлог граѓанска иницијатива, “Младинскиот културен центар-МКЦ” Скопје, да го носи името на прерано починатата музичка ѕвезда Андреј Ѓорѓиески-ДНК, уметник, хуманист, а пред се Човек, кој својот живот го жртвуваше за да спаси други млади луѓе.

Во повеќе од 20 годишната музичка кариера, на Македонија и даде голем број на хитови со кои растеа и ќе растат многу генерации.

Ова е најмалку што можеме да направиме за нашата музика легенда.

Се надевам дека иницијативата ќе биде прифатена едногласно од сите 45 советници.

Ќе го негуваме ликот и делото на Андреј
МКЦ ДА ГО НОСИ ИМЕТО НА Андреј”, напиша тој.