Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ) најави дека денеска ќе одржи состанок со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски за да ги изнесат ставовите во врска со, како што посочуваат, штетните практики во фактурирањето на електричната енергија.
„На состанокот ќе побараме отстранување на одредбите за фактурирање врз основа на проценета потрошувачка, воспоставување фер и транспарентен систем на фактурирање и ќе дадеме предлог-решение за коректно фактурирање во случаи кога операторот не успева навремено да ги отчита мерните уреди.
Ќе изразиме загриженост за неисполнувањето на обврските за непристрасност и независност на членовите на РКЕ, особено имајќи предвид дека овие неправилности датираат од јули 2022 година, кога беа воведени блок-тарифи за пресметка на потрошувачката на електрична енергија, најавуваат од Инженери на Република Македонија.
Реакција е поттикната од бројни поплаки на граѓаните за нереално високи сметки за електрична енергија. А1.Он






