Ина Многуфина: Не и се смејте на Данела што дава директорска шанса на сите што ги знае

Инфлуенсерката Ина Многуфина во ироничен статус бара граѓаните да не и се смеат на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска затоа што дава директорска шанса на сите што некогаш и рекле здраво.



Има Многуфина ја поддржува Арсовска да оди напред затоа што според неа поназад не може.

,,Што и се смеете на Дана што по петти пат менува директор на Водовод? Дана, освен што е севселенски менаџер она е и супер човек па очигледно се грижи секој што некад и кажал здраво да има шанса да стане директор во нејзиниот мандат. Тоа е права другарка, а не некои таму шо ти се праат другарки само за кафе пиење. Уживај Данче, гази си само напред пошо поназад не можеш пиле, уживај”, пишува Ина Многуфина за градоначалничката на Скопје која за кратко време успеа да смени пет директори на скопскиот градски водовод.