Производителите на пченица бараат 30 денари за килограм, а откупувачите им нудат од 10 до 12 денари.



„Ќе лобираме да се почитува договореното производоство. Ќе ја следиме целата ситуација и ќе бараме повисока откупна цена“, изјави Васка Мојсовска, Федерација на фармери, пренесува Сител

„ Ние откупуваме по пазарни цени, кои во моментов се највисоки во регионот – тоа се 12 денари за килограм“, изјави Горан Милишиќ, претседател на Групација на Мелничко пекарската индустрија

Министерот за земјоделие Цветан Трипуноски најави дека ќе се полнат Стоковите резерви, за да се заштити домашното производство, а на оние земјоделци кои не се задоволни од моменталната понудена цена, им порача дека можат да почекаат подобри времиња.

„Како министерство ќе ја ангажираме Агенцијата за стокови резерви да набави 15 илјади тони пченица од македонските прозводоители. Земјоделците кои нема да сакаат да ја предадат пченицата, ќе можат да ја чуваат, да ја складираат, а државата ќе го покрие тој трошок’, изјави Трипуновски.

Годишно во земјава се произведуваат околу 250.000 тони пченица. Потребите на населението се над 370 илјади тони.

Бројките покажуваат дека секоја година потребата се задоволува од увоз по многу ниски, дампинг цени,со што се рушат цените на домашните земјоделци.