„Многу е важно зборот што ќе се користи за сложено име да не е на англиски, туку на јазикот или јазиците на земјата. Според наше мислење – што не значи дека ќе биде направено – тоа мора да не може да се преведе“, вели министерот за надворешни работи на Грција кој го посочил името на Шри Ланка како пример, истакнувајќи дека тоа име не може да се преведе.
Во панел – дискусијата со тројца новинари синоќа на ЕРТ, Никос Коциас, рекол дека преговорите за Скопје ќе вклучуваат четири фази:
-Кое ќе биде името – неговата содржина и неговото „презиме? Коѕиас смета дека вториот елемент на името ќе ја определи Македонија како географска област.
– Дали (името) да биде од еден или од два збора?
– Дали да биде напишано на јазикот на земјата (словенски) или на меѓународен (англиски)?
– Дали ќе биде непреводливо или не?
„Ние сакаме прашањето за името да се реши од национални, геостратешки, политички, економски причини, како и да обезбедиме добрососедски односи со нашиот сосед“, рече тој, и дека посредникот на ОН Метју Нимиц предложил четири имиња на „словенски’, пишува „Катимерини“.
Весникот „Ефимирида“ пак пишува дека предлозите на Нимиц биле:
Република Нова Македонија, Република Северна Македонија, Република Горна Македонија и Република Македонија, се разбира не во англиска транскрипција.





