Премиерот Заев очекува медијаторот во грчко – македонскиот спор за името, американскиот дипломат Метју Нимиц до крајот на 2017 година да даде нов предлог во спорот за името со Грција.
Како што пренесува агенцијата Мета, Заев вчера по средбата со балканските лидери во Драч рекол дека посредникот Нимиц до крајот на годинава ќе даде нови предлози за името.
„Очекувам до крајот на годинава да имаме нови идеи од Нимиц за да го решиме проблемот. Убеден сум дека позитивната атмосфера која што постои во регионот и позитивниот пристап на Македонија со сите земји во регионот може да биде од корист за решавање на едно вавко чувствително прашање“.
Изјавата на Заев е дадена на прашањето дали на средбата со своите колеги од регионот била понудена помош од соседите за решавање на спорот со Грција.




