Гувернерот на грчките Јонски острови, Теодорос Галиацатос, вчера реагирал на меѓународна конференција во Финска откако видел дека била истакната карта на Македонија која „произволно била наречена Македонија“, пренесуваат грчки медиуми.
Галиацатос, е во Хелсинки, каде што учествува во работата на Генералното собрание на Конференција на регионите и крајбрежните региони на Европа која завршува денес и на која присуствуваат претставници на влади и региони од Европа.
-Ве повикувам веднаш да го смените името од Македонија во ФИРОМ, сакам да верувам дека тоа е грешка, а не позиција на Конференцијата. Таквите чекори не придонесуваат кон заедничките политики за кои сите работиме”, рекол тој и побарал уверување дека ќе има итна корекција.
Главен предмет на Генералното собрание е тековниот социјален и економски развој, при што дебатата се фокусира на улогата на регионите во Европа во иднина, транспортот, заеднишвото, поморската политика и климатските промени.





