Научивме ли нешто од низата сообраќајни трагедии меѓу кои беше и случајот со Фросина Кулакова која беше прегазена на пешачки премин во центарот на Скопје по што во главниот град започнаа протести.
Според интензитетот на сообраќајки во кои страдаат невини пешаци од неодговорни возачи ништо не сме научиле од низата трагедии.
Од убиството на Фросина кога сите очекуваа македонските возачи да внимаваат повеќе и да протераат несреќите се случија десетина тешки инциденти.
Последен ваков инцидент се случил
вчера во Битола.
Во 12.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Маврово“ и ул.„Цар Самоил“ во Битола, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(44) од Битола, удрило во пешакот С.С.(65) од Битола.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во болницата во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битол информираат од МВР.
Зошто по сите трагедии на патиштата македонските возачи возат брзо, не ги почитуваат правилата и не ги штитат пешаците, другите ученици во сообраќајот и себе си, останува голема енигма.






