Гледаме дека веќе има интерес од докторите кои работат во приватно здравство да се вратат во јавно здравство, што укажува дека се враќа довербата во јавните здравствени установи, изјави министерот за здравство Арбен Таравари денеска.
Тој соопшти дека на седница на Владата вчера дискутирале да се најде решение со кое ќе им се овозможи на докторите од приватно здравство да се вратат во јавното со оглед дека постои интерес.
Како што рече, тоа ќе се однесува на експерти со над 10 години работно искуство, специјалисти и супспецијалисти, кои ќе бидат ангажирани во болници во кои има недостиг од кадар.
„Многу сум сигурен дека ќе изнајдеме решение одреден број од нив да се вратат бидејќи ова нѐ прави горди“, рече Таравари.






