Имал ли премиерот Заев втор телефонски разговор со потпретседателот на САД или македонските медиуми повторно во препишувањето набрзина повторно утнаа за повеќе од два месеци.
Информацијата во која што пишува дека во текот на овој месец (септември) во телефонски разговор Пенс му изразил подддршка на Заев ја пренесоа голем број влијателни медиуми кои што се блиски на власта и кои што имаат пристап до ексклузивни информации од владини извори.
Информацијата е дел од известувањето за изјава на екс шеф на военото крило на НАТО.
Владата досега не негираше дека во текот на септември имало нов телефонски разговор меѓу потпретседателот на САД и македонскиот премиер.

Во речиси сите вести за изјавата на американскиот генерал Џејмс Ставридис во бекграундот на веста која што е речиси идентична на сите медиуми се вели дека Премиерот Заев добил поддршка за Македонија во текот на телефонскиот разговор со претседателот на САД Мајк Пенс што се случил во текот на овој месец.

Единствената телефонска комуникација меѓу Заев и Пенс за која што е информирана македонската јавност се случи на 10 јули.






