Американскиот милијардер и извршен директор на Tesla, Илон Маск, изјави дека не донирал електричен Cybertruck на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.



„Дали сте сериозно толку ретардирани што мислите дека сум донирал Cybertruck на руски генерал? Неверојатно“, му одговорил Маск на корисникот на X кој тврдел дека милијардерот „дава воени возила на санкционираните непријатели на Америка“.

Cybertruck на Tesla беше претставен во 2019 година, а пуштен во производство во 2023 година.

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави снимка зад воланот на возилото со митралез на покривот.

„Искрено му благодарам на Илон Маск. Тој очигледно е главниот гениј на нашето време, експерт, голем човек“, рече Кадиров, поканувајќи го Маск во Грозни.

„Овој квалитетен Cybertruck ќе биде испратен во зоната за специјални воени операции“, рече тој во видеото.