Американскиот бизнисмен Илон Маск најави развој на нов мозочен чип кој ќе им овозможи на слепите луѓе да гледаат, пишува Indepenbdent.
„Blindsight“ е следниот производ на компанијата на Маск „Neuralink“ по „Telepathy“.
Дури и ако некој е роден слеп, веруваме дека можеме да му го вратиме видот“, напиша милијардерот на социјалната мрежа Икс, која исто така ја поседува.
Маск најави и дека овој чип веќе се тестира на мајмуни. Тој рече дека „Blindsight“ првично ќе емитува слики „како раните конзоли на Nintendo“, но на крајот ќе достигне резолуција на целосна човечка визија.
Вчера, Neuralink покажа како првиот пациент со невротехнолошки имплант за телепатија играл шах на компјутер.
Имплантот му овозможува на Нолан Арбо, кој е парализиран под рамениците, да придвижи компјутерски глушец со својот ум.






