„Гласот против нашиот голем сојузник и пријател е даден без никаква претходна консултација со институцијата Претседател на Република Албанија ниту со парламентот и не го отсликува ставот желбата на албанскиот народ кој нкогаш не заборава и нема никогаш да ја заборави подршката на САД во најтешките мигови од неговото постоење“, му напиша денеска Илир Мета на американскиот колега.
Во писмото до Трамп, албанскиот претседател изразува жалење за вчерашното гласање на Албанија во ОН и за поддршка на Резолуцјата против американската одлука за прзнавање на Ерусалим за главен град на Израел, пренесуваат албански медиуми.
Мета уште напишал дека лично ќе побарал објаснувања за овој став и одлука на Владата, што е „во спротивност со нашите прјателски и стратешки односи и интересите на нашите народи“.
И лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша изјави дека владата на Еди Рама направила грешка со дадениот глас во ОН.





