Илире Даути поднесе оставка – побара 15 минути да ја образложи денеска

Пратеничката од редовите Алијанса за Албанците на Зијадин Села, на која и беше изгласана интерпелација, денеска од собраниската говорница побара од претседателот на Собранието да и дозволи во времетраење од 15 минути да ја образложи оставката од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади.



На ова, претседателот на Собранието Африм Гаши одговори дека сега се утврдува дневниот ред и дека Даути ќе може да ја образложи својата оставка на пленарната седница закажана за 21 јануари зашто нејзиното барање да се обрати денеска е спротивно на Деловникот..

„Не можеш да ме држиш на сила господине Африм Гаши. Научете да го почитувате Деловникот, законите и постапките. Бездруго денеска ќе се слушне мојот глас и моето образложување за лошиот акт кој Вие го направиле. Срам да ви е! Баравте мое разрешување, а тоа разрешување само што настана. Вие на сила не можете тука да ме држите. Затоа сакам да го искористам моето право и да ја образложам. Го барам потребното време од 15 минути за да ја образложам мојата оставка“, рече Даути, пренесе А1 Он.

Даути: „Бранителите“ и закон само за нив нема да поминат кај мене – Салиу: Сите Албанци имаат заеднички став да не се дозволи тоа