Македонскиот кикбоксер Бобан Илиовски ќе ја брани шампионската титула во дисциплината лоу кик на Европското првенство во Атина, откако во голем стил го доби полуфиналето во категоријата до 86 килограми против Гркот Христос Филис, нокаутирајќи го пред крајот на првата рунда!



Противник во борбата за златниот медал на 28-годишниот светски и европски првак од кикбокс клубот Шампион од Скопје ќе му биде Ерик Нивегловски од Полска, кој во полуфиналето славеше со 3:0 над Стефан Добриевиќ од Босна и Херцеговина.

Вчера Стефан Михајловски го освои првиот медал за Македонија на ЕП во Атина, стигнувајќи до бронзата во кик лајт по тесниот пораз од 2:1 против Серхиј Бабенко од Украина во полуфиналето во категоријата над 94 кг.