Телевизискиот водител Богдан Илиевски со контрареакција на реакцијата на претходниот министер за образование Јетон Шаќири за насловната страница на новиот учебник по историја со сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
„Дечково кој прошливе години нови учебници делеше во мај и јуни, се бунит зато шо Св. Кирил и Методиј се на насловна на учебник во кој се учит за Византија?!
Цел свет ги славит, ама Јетон не се согласвит! Зошто? Бидејќи се христијани? И Скендербег бил, па?
Не учеле кј Мерка на вакултет за Кирилиметодиј или заборајл професороф?
Не е лошо и за него да почнит школска година денес, да освежит знаење. Верувам дека ќе се најдит едно слободно столче“, му реплицира на Јетона на охридски дијалект еден од лидерите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која ги организираше протестите во 2017 година против Тиранската платформа и промената на името на државата.






