Телевизискиот водител Богдан Илиевски го коментира условувањето од партиите на Албанците за учество во Владата по изборите ако се прифати избирање на претседател на државата во Собранието.
„Од денес навистина започнувам да мислам дека има сериозно руско влијание во Македонија.
Прво, единствени кои зборуваат за Русите се луѓе од ДУИ.
Второ, барањето да се отвори Уставот не само за бугарските уцени, туку и за да се бира претседател и потпретседател во Собрание, надополнето со барањето на Таравари и другите за замена на ’20 отсто’ со ‘албански јазик’… ми е доказ дека луѓево НЕ САКААТ отворање на Уставот и почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Што, де факто е руски интерес.
Трето, сите овие математики кои ги прават, меѓу другото и можноста да пробаат да го бојкотираат вториот круг за претседателски избори, за потоа да се пазарат со промена на моделот и отворање на Уставот (земајќи ливче на 8 мај само за парламентарни, но не и за претседателски избори) може да ги поништат единствено гласачите. Јас, ти, тој, ние, вие, тие. САМО и САМО со масовност на изборите, со гласање на парламентарни, со гласање за претседател, ваквите обиди за ‘боснизација’ на Македонија ќе пропаднат во вода.
И четврто, мислам дека, сепак, требаше со младиот Дрин Ахмети да трчаат, тој ми е некако поевропски дури и од Бујар.
JO RUSISE, PO EUROPES!!! :)))))))))“, објави на Твитер еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.





