Израел бил вклучен во производството на пејџерите што се активираа врз борците на Хезболах оваа недела, а овој тип на операцијабил планиран најмалку 15 години, потврди извор од американското разузнавање за ABC News.
Фиктивни компании биле вклучени во планирањето на нападот, при што бројни израелски разузнавачи и нивните средства се претставуваа како легитимна компанија што произведува пејџери, потврди изворот за ABC News, без да знаат барем некои од оние за кои всушност работат.
Учеството на Израел во производството на пејџерите првпат беше објавено од Њујорк Тајмс.
Една до две унци експлозив и далечински прекинувач за активирање на експлозијата биле вградени во пејџерите, велат изворите.
Според либанскиот министер за здравство Фирас ал-Абјад, најмалку 37 лица загинале, а 2.931 се повредени во експлозии во Либан во изминатите два дена, предизвикани од далечина од експлозиви во пејџери или воки-токи.






