Американските власти очекуваат Израел да возврати на иранскиот напад од 1 октомври, пред изборите на 5 ноември, дознава Си-Ен-Ен.
Таа временска рамка може да ја зголеми нестабилноста на Блискиот Исток веднаш по претседателските избори во САД.
Конфликтот на Блискиот Исток стана едно од клучните прашања на американските избори.
Претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис се соочуваат со притисок од прогресивните кругови поради недоволна критика на Израел.
Од друга страна, републиканците, вклучително и поранешниот претседател Доналд Трамп, ја обвинија администрацијата дека не успеала да ја реши кризата, што, според нив, доведе до хаос.
Трамп ја обвини Камала Харис дека нејзината политика ќе доведе до „уништување на Израел“, а Нетанјаху, наводно, смета на победата на Трамп, кој е поповолно наклонет кон Нетанјаху и неговите потези отколку Бајден и Харис.
Како што се приближуваат изборите, американската администрација почна да врши притисок врз Израел да ги подобри хуманитарните услови во Газа.






