Израелските одбранбени сили официјално потврдија дека главниот командант на Хезболах Фуад Шукр е убиен во израелски воздушен напад во либанскиот главен град Бејрут.
Во Иран убиен лидерот на Хамас
„Оваа вечер израелските одбранбени сили изведоа целен напад во Бејрут насочен кон Фуад Шукр, познат и како „Саид Мухсин“, највисокиот воен командант на Хезболах и шеф на неговата стратешка единица“, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили, контраадмирал Даниел Хагари, цитиран од АФП.
Израелските одбранбени сили велат дека Шукр бил и висок воен советник на лидерот на Хезболах, Хасан Насралах.
Според израелската војска, Шукр „бил одговорен за повеќето од најнапредните оружја на Хезболах, вклучувајќи ракети со прецизно наведување, крстосувачки ракети, противбродски проектили, проектили со долг дострел и беспилотни летала“, како и за „градење на терористите силите на групата и планирањето и извршувањето на терористички напади против државата Израел“.






