Канцелариите на Ал Џезира во источен Ерусалим беа претресени и запленета опрема во неделата, откако Израел го забрани емитувањето, објавија израелските медиуми.



Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата изјави дека неговиот кабинет едногласно одлучил да и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел.

„Поттикнувачкиот канал Ал Џезира ќе биде затворен во Израел“, објави Нетанјаху на социјалните мрежи.

Во меѓувреме, медиуми јавуваат дека израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на Газа.

Израелската армија ги повика Палестинците во источните делови на Рафах да се преселат во блиската „хуманитарна област“.

Претходно, премиерот Бенјамин Нетанјаху, ги одби предлозите за примирје со милитантната група Хамас:

„Прифаќањето на барањата на Хамас би било страшен пораз за државата Израел. Тоа би било огромна победа за Хамас, за Иран, за целата оска на злото. Затоа, Израел нема да се согласи со барањата на Хамас, што значи капитулација, а борбата ќе продолжи се додека не се постигнат сите нејзини цели, не сме подготвени да прифатиме ситуација во која баталјоните на Хамас ќе излезат од нивните бункери, ќе ја вратат контролата врз Газа, ќе ја обноват својата воена инфраструктура и ќе се вратат за да им се закануваат на граѓаните на Израел“. рекол Нетанјаху, соопштија по состанокот на израелскиот кабинет.