Израелската армија (ИД)ги призна грешките во убиството на 15 хуманитарни работници во јужниот дел на Газа на 23 март.
Конвој со амбулантни возила на палестинската Црвена полумесечина (PRCS), возило на ОН и противпожарно возило од Цивилната одбрана на Газа беа под оган во близина на Рафа, потсетува Би-Би-Си.
Израел првично тврдеше дека војниците отвориле оган затоа што конвојот се приближил „сомнително“ во мракот без фарови или трепкачки светла и дека движењето на возилата не било координирано или договорено однапред со армијата.
Сепак, видео снимката од мобилниот телефон, снимена од еден од убиените болничари, покажа дека возилата ги запалиле светлата додека реагирале на повикот за помош за повредените луѓе.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) инсистираат на тоа дека најмалку шест од медицинските лица се поврзани со Хамас, но досега не обезбедиле никакви докази.
Тие признаваат дека медицинските лица биле невооружени кога војниците отвориле оган.
Телата на 15-те загинати работници беа закопани во песок за да се заштитат од диви животни, а возилата беа преместени и закопани следниот ден за да се расчисти патот. Телата не беа пронајдени една недела по инцидентот поради неможноста на меѓународните агенции, вклучително и ОН, да организираат безбеден премин во областа.
ИД вети „темелна истрага“ за инцидентот…
Црвената полумесечина и многу други меѓународни организации бараат независна истрага.
Video of Israel executing 14 red cross paramedics, in clearly marked medical gear and vehicles. pic.twitter.com/8LHqQWFmPs
— IsraelExposed (@xIsraelExposedx) April 5, 2025






