Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар изрази уверување дека САД ќе го казнат Меѓународниот кривичен суд за издавање налози за апсење на премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант, пренесува Ројтерс.
Израел најави дека ќе поднесе жалба на одлуката на Меѓународниот кривичен суд кој ги обвини Нетанјаху и Галант за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во конфликтот во Газа.
Саар рече дека и другите земји се вознемирени од одлуката, вклучително и Соединетите држави.
„Склони сум да верувам дека наскоро во Вашингтон ќе биде усвоена легислатива против МКС и секој што соработува со него“, рече министерот.
Саар додаде дека Израел ќе стави крај на 14-месечната војна во Газа кога „ќе ги постигне своите цели“ да ги врати заложниците кои ги држеше Хамас и да се осигура дека исламистичката група повеќе нема да ја контролира палестинската енклава.
Според негови зборови, Израел нема намера да го контролира цивилниот живот во Газа и додаде дека мирот е „неизбежен“, но не може да се заснова на „илузии“.






