Министерот за надворешни работи Израел Кац во саботата ја бранеше одлуката за забрана на влезот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во земјата, објави „Тајмс оф Израел“.
Кац го стави на црната листа на генералниот секретар Гутереш поради неговиот став за ракетните напади на Иран. Гутереш не може да ги посети Газа и Западниот Брег.
Кац напиша во X дека одлуката е поттикната од неговото одбивање да го осуди неодамнешниот ракетен напад на Иран врз Израел и „неговото антисемитско и антиизраелско однесување“.
Тој тврди дека речиси 90 отсто од Израелците се согласиле со неговата одлука и дека „Гутереш може да продолжи да се обидува да собира потписи за поддршка на себе од членките на ОН, но одлуката нема да се промени“.
Советот за безбедност на ОН на почетокот на октомври го критикуваше Израел за неговата одлука да го прогласи Гутереш за персона нон грата, инсистирајќи дека секој потег за делегитимирање на неговата работа е контрапродуктивен.
Повеќе под сто земји-членки на Обединети нации испратија писмо со поддршка за генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш откако Израел, на почеток на месецот, го прогласи за „персона нон грата“.
„Изразуваме длабока загриженост поради неодамнешната изјава на шефот на израелската дипломатија Израел Кац, кој го прогласи Гутереш за непожелна личност. Таквите акции ја поткопуваат способноста на ОН да го спроведе својот мандат, што вклучува посредување при конфликти и пружање хуманитарна поддршка“, се наведува во писмото.
САД, Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд и Канада не го потпиша писмото за поддршка на Гутереш.






