Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го предупреди турскиот претседател откако Реџеп Таип Ердоган му се закани на Израел со воена интервенција.
„Ердоган оди по стапките на Садам Хусеин и се заканува дека ќе го нападне Израел. Треба само да се сети што се случи таму и како заврши“, напиша Кац на платформата „Х“, ренесе Turkey Today
Во 2003 година, американските трупи го нападнаа Ирак. Воената операција доведе до соборување на тогашниот ирачки диктатор Садам Хусеин. Три години подоцна, Хусеин беше погубен за масакрите врз Курдите и шиитите.
Ердоган направи паралела со конфликтот во Нагорно Карабах, каде Ердоган го поддржа Азербејџан не само дипломатски, туку и со беспилотни летала. Во либиската граѓанска војна, Анкара ја поддржува меѓународно признатата влада со воена опрема и персонал.
„Мораме да бидеме многу силни за Израел да не може да ги прави овие смешни работи во Палестина“, рече Ердоган.
Од почетокот на војната во Газа, односите меѓу Израел и Турција драстично се влошија.
Ердоган ја опиша исламистичката група Хамас како „ослободителна организација“ и го спореди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со Адолф Хитлер.
Во средината на јули, Ердоган рече дека неговата земја повеќе нема да се согласи на соработка меѓу НАТО и нејзиниот партнер Израел во иднина додека не се постигне траен мир на палестинските територии.






