Израелската војска рано утринава ја презеде одговорноста за воздушен напад врз училиште на Агенција на ОН за помош на палестинските бегалци (UNRWA) во Појасот Газа, јавуваат медиуми.



Според Израелците, тоа била база на Хамас.

„Воени воени авиони извршија прецизен напад врз базата Хамас лоцирана во внатрешноста на UNRWA училиште во регионот Нусеират“, се вели во соопштението на израелската војска.

„Терористите од Хамас и Исламскиот џихад кои припаѓаа на силите Нухба и кои учествуваа во смртоносниот напад врз заедниците во јужен Израел на 7 октомври оперираа во овој комплекс. Терористите ја насочуваа својата кампања на терор од областа на училиштето додека го експлоатираа и го користат како засолниште“, соопшти израелската војска.

Исмаил Ал-Тавабта, директор на владината канцеларија за медиуми, управувана од Хамас, ги отфрли израелските тврдења дека во училиштето се наоѓа командно место на Хамас, додавајќи дека најмалку 27 луѓе кои барале засолниште биле убиени.

„Окупаторите користат лажни измислени приказни за да го оправда бруталното злосторство што го изврши врз десетици раселени луѓе“, изјави Тавабта за Ројтерс.

Израелската војска тврди дека презела чекори за да го намали ризикот од цивилни жртви пред да нападнат борбените авиони. Израел додаде дека нема да има прекин на борбите за време на преговорите за прекин на огнот.