Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија обемна листа на жртви, откривајќи дека изгубиле најмалку 726 војници од почетокот на војната во Газа пред една година. Повеќе од 4.500 војници се повредени во истиот период.
Околу 726 израелски војници, резервисти и безбедносни офицери се убиени од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас пред една година, се вели во соопштението на ИДФ. Од тој број, 346 беа убиени за време на копнените операции во Газа, кои почнаа на 27 октомври минатата година.
Овие загуби се највисоките претрпени од Израел за време на кој било воен конфликт од војната во Јом Кипур во 1973 година, во која беа убиени повеќе од 2.600 израелски војници. ИДФ истакна дека сегашната бројка на тела ги вклучува само оние „чии имиња се дозволени за објавување“, што значи дека вистинската бројка може да биде значително поголема.
Од 726 загинати, 56 загинале поради пријателски оган или други „оперативни несреќи“, соопшти ИДФ.
Вкупно 4.576 израелски војници се повредени од почетокот на војната, од кои 2.300 за време на копнените операции во Газа, се додава во соопштението, во кое не се споменува колкави се жртвите од редовите на ИДФ во Либан.






