Изминатата ноќ Израел го започна одмазничкиот напад врз Иран.
Израелската армија соопшти дека извршила „прецизни напади врз воени цели во Иран“. „Нападите се одговор на континуираните напади на режимот во Иран врз државата Израел“, додаде израелската војска.
Израел го предупреди Иран пред одмазднички воздушни напади, да не возвраќаат.
Ноќта меѓу петокот и саботата, повеќе од 100 израелски воени авиони, вклучително и стелт-ловци Ф-35, учествуваа во израелските воздушни напади врз Иран
Авионите, наводно, поминале растојание од приближно 2.000 километри за да извршат напади врз цели во Иран.
Според непотврдени извештаи, Израел може да изврши дополнителни напади врз Иран во следните дванаесет часа.
Американски и израелски официјални лица рекоа дека првиот, од трите брана напади, бил насочен кон иранските системи за воздушна одбрана.
Вториот и третиот бран беа насочени кон базите за ракетни и беспилотни летала, како и фабрики за оружје. Белата куќа соопшти дека Израел има право на самоодбрана.
Се чини дека Израел го исполни барањето на САД да не ги напаѓа нафтените полиња и нуклеарните постројки.
Блискиот исток очекуваше израелски одговор на иранскиот напад, во кој на 1 октомври беа истрелани околу 200 балистички ракети кон Израел, што го означи вториот директен ирански напад врз Израел во последните шест месеци.
Сириската државна новинска агенција САНА објави дека Израел нападнал и неколку воени локации во јужна и централна Сирија. Нападите се совпаднаа со првиот бран напади врз Иран.
Иран го затвори својот воздушен простор. Воздушниот простор ќе биде затворен до сабота во 9:00 часот по локално време (7:30 по средноевропско).
Ирак, исто така, ги прекина летовите од сите аеродроми до понатамошно известување.





