Израел ги протерува хуманитарците на ОН

До 30 јануари, Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) мора „да ги прекине своите активности во Ерусалим и да ги испразни сите простории во кои работи во тој град“.



За ваквото барање до ОН информираше израелскиот претставник во Обединетите нации (ОН) во писмото до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, јави The Times og Israel.

Законот за забрана на активностите на УНРВА на израелска територија и контактите со израелските власти стапува на сила на 30 јануари.

Израел го анектира Источен Ерусалим во 1967 година, но анексија што не е признаена од поголемиот дел од меѓународната заедница.

Израел долго време ја критикуваше УНРВА, основана по војната во 1948 година која избувна во времето на создавањето на израелската држава, обвинувајќи ја за анти-израелска пристрасност.