Израелската армија (IDF) рано утрово објави почеток на копнена операција во јужен Либан. Целите се локации на групата Хезболах, јавува Би-Би-Си.



Соопштението на војската дојде неколку часа по почетокот на самата операција.

„Пред неколку часа, Израел започна ограничена, локализирана и насочена копнена операција заснована на точни разузнавачки информации. Целите се терористички локации и инфраструктурата на Хезболах во јужен Либан.

IDF наведува дека овие цели се наоѓаат во населени места во близина на границата и претставуваат непосредна закана за Израелците во северните делови на земјата.

Воздухопловните сили и артилерија обезбедуваат поддршка на пешадиските сили, вклучително и прецизни напади врз воени цели во соодветните области, се вели во официјалното соопштение на војската.