Педесет луѓе останаа без покрив над главата, откако израелски војниците на уништија 11 куќи во изолирана заедница на Западниот Брег.
Ова дојде во време на извештаи за зголемени уривања на куќи и зголемено насилство на палестинските територии, јави Гардијан
Работниците на булдожерите пристигнаа во придружба на војници на израелските одбранбени сили (ИДФ) во Ум ал-Кхеир, село претежно населено со овчари.
Оштетени се и земјоделски површини и огради, а се откорнати дрвја. Третина од инфраструктурата на селото е уништена.
„Со години се боревме во израелските судови против ова, бидејќи повеќето села се под закана од рушење“, рече Еид Сулејман.
„Овој пат дојдоа без да му кажат на нашиот адвокат. Немавме време да си ги собереме работите. Поставивме неколку шатори за децата да се разладат. Но, се плашиме да не се вратат војниците и да ги земат и нив бидејќи велат градиме диво“, додаде тој.
Експертите на ОН рекоа дека таквите уривања може да се сметаат за воени злосторства.
Од 7 октомври состојбата се влоши. Доселениците ги засилија тепањата, нападите и вандализмот, принудувајќи ги изолираните селани да побегнат во блиските градови, а имаше и зголемување на бројот на урнати згради.
ИД е ангажирана во борби со палестинските милитантни групи во неколку области на Западниот Брег, вклучувајќи ги Џенин и Тулкарем.
Видео на ЛИНКОТ






