Израелската армија објави дека пронашла неколку мртви тела за кои верува дека се на заложници земени во октомври 2023 година, пишува The Times of Israel.
Процесот на идентификација на телата во моментов е во тек, а ќе трае неколку часа, објави израелската армија на својот профил на Телеграм.
Војната меѓу Израел и Хамас започна со нападот на палестинското движење на израелска територија на 7 октомври 2023 година, кога беа убиени 1.200 израелски граѓани, а други – речиси 250 луѓе – беа земени како заложници.
Хамас сè уште држи околу 108 заложници. Се верува дека околу една третина од нив починале, а судбината на останатите не е позната.
Од 7 октомври 2023 година, најмалку 40.691 Палестинци се убиени, а 94.060 се ранети во израелската воена офанзива во Појасот Газа, се вели во соопштението на Министерството за здравство на палестинските власти на 31 август.
Во саботата, израелските единици нападнаа палестински борци на окупираниот Западен Брег.
Ројтерс коментира дека ова е една од најголемите акции на израелската армија на Западниот Брег во последните месеци месеци.






