Законот за измена на Законот пензии ќе биде донесен откако ќе помине ребалансот на Буџетот, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски.
„Нека помине ребалансот, веднаш потоа почнуваме со процедурата за законските измени за пензиите. Тие ќе важат не само за сега, туку и за март следната година зашто два пати се нивелираат пензиите, и во септември и во март.
Во првите девет месеци го испорачуваме ветувањето“, истакна Мицкоски во синоќешното гостување во „Топ тема“ на „Телма“.





