Народниот правобранител Насер Зибери осум месеци го чека министерот за финансии Фатмир Бесими да напише Правилник за кредитен ризик, во кој ќе се пропише задолжителна физичка идентификација на клиентите кои бараат и добиваат брзи кредити, објавува порталот Сакам Да Кажам.



Со ланските измени на Законот за финансиски друштва, сè уште може измамници да крадат лични карти или лични податоци на луѓе и да подигнуваат брзи кредити на нивно име.

Бесими во тој правилник освен идентификација со физичко присуство на барателот на брз кредит, треба да пропише и задолжително лично ажурирање на податоците на клиентите. Тоа е забрана за онлајн-идентификација на клиент и за онлајн промена на податоци на клиент…

Наесто да донесе правилник од неколку страни, Министерството достави Известување до сите финансиски друштва, ако одобруваат наменски кредит за купување производи од трговци-кредитни посредници, задолжително да обезбедуваат доказ од трговецот дека производите се предадени лично на барателот на кредит.