Измамници кои го злоупотребуваат името на црквата „Свети Спас“, барале финансиска помош за „хендикепирани дечиња“ за Велигден.



Хуманитарната организација „Свети Спас“, од Скопје, објави на нејзиниот профил на Фејсбук дека лицата лажеле дека се претставници на црквата и на оваа хуманитарна организација.

„Направиле дури и лажни беџови, а имале и наши слики (најверојатно од Фејсбук). Сите, кои ќе дојдат во вашите домови и во наше име ќе бараат каква било помош, се измамници кои го злоупотребуваат нашето име“, напиша свештеникот Оливер на Фејсбук.

Организацијата ги советува граѓаните да повикаат полиција доколку измамниците дојдат кај нив.