Според податоците на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија излезеноста на избирачките места на првиот круг од претседателските избори до 11 часот е 12,78 отсто или гласале 229 417 гласачи. Овие проценти и бројки, според податоците на ДИК, се врз основа на обработени 3 416 избирачки места од вкупно 3 508 во општините на територијата на целата држава.

Според податоците објавени на интернет страната на ДИК, поголема излезност се бележи во Демир Капија (24%) и Градско (20%), а помала во Боговиње (5%) и Маврово Ростуша (4,5%).





