Излезноста до 9 часот е 7,22 проценти

До 9 часот, одзивот на гласање на седумте избирачки места на кои се прегласува денеска изнесува 7, 22 проценти, соопшти Државната изборна комисија.



Од вкупно запишани 4 514 гласачи на избирачките места, гласале 326 односно 7.22%. Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 9 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 4.07% на овие избирачки места.

Сите избирачки места биле отворени навреме и засега се одвиваат без проблеми, информираат од ДИК.

Најголема излезност има на избирачкото место во Крушево каде гласале 57 гласачи односно 12,15 проценти, а најмала е излезноста во Долнени на избирачкото место 1470/1 каде што до 9 часот гласале 14 гласачи односно 2,22 проценти.

Денеска се прегласува за парламентарните избори во седум избирачки места во Желино, Крушево, Охрид, Струга и Долнени.