„Излегувајте…“ : Нова снимка од пожарот во дискотеката на смртта (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави нова снимка од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.



На видеото се гледа како присутните во паника почнуваат да излегуваат од дискотеката и како настанува гужва на излезот

Во првите секунди од снимката, се гледа како дел од присутните се’ уште стојат и не го напуштаат објектот, а дел од нив (како и креаторот на снимката) снимаат.

За тоа време, пожарот се шири.

Веќе околу 20-та секунда од снимката, се слушаат и врисоци, но и коментар: „Излавај (излегувај), излавајте (излегувајте)“.

Голем дел од загинатите, но и повредените, биле потиснати од стампедото кое се створило на првата врата за излез од клубот, а во последните секунди од снимката, може да се види и тесниот пролаз, низ кои поминувале над 600 лица, за да стигнат надвор.